Колку имиџот и славата се важни за Боки 13 и колку тој ја сака модата покажа на -10 Целзиусови степени во Србија, кога излегол со бунда, некакво трико и чизми. Денеска први со оваа вест излегоа „Бекстејџ“, а веднаш по нив и останатите медиуми. Дали за да му се чудиме сите ние на паметот и каде се оди со оваа облека во зима или, пак, да видиме дека за една јавна личност имиџот е сè, па дури и ако значи оваа прошетка Бојан да ја „плати“ со настинка.
Имено, Бојан Јовановски е забележан во Белград, како излегува од својот дом по бунда и трико, особено разголен за на -10 Целзиусови степени. Високите чизми покриваат само дел од неговото тело, а со оваа комбинација не знаеме дали оди на кафе или на настап, но тоа впрочем и не е важно. Ако погледнете наоколу, ќе ги видите луѓето кои го чистат снегот и дека зимата во Белград е навистина остра и не е за шетање по облека со кратки ракави. Што мислите, дали имиџот е поважен од здравјето?
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.