Без многу шминка, истапирана коса, откачена облека, Кеша е само обична девојка, а сега тој изглед му го покажа и на остатокот од светот. Пејачката која ја знаеме по својот ексцентричен стил, очигледно е дека зад таа слика што ја прикажува во јавноста стои една сосем обична девојка, не многу поразлична од која било друга просечна девојка.
Фотосесијата што ја гледате е направена за магазинот „Гламур“. Во него Кеша сакала да ја прикаже својата нежна и женствена страна, за разлика од девојката која пие и се забавува во нејзините музички видеа. Исто така, таа изјавила дека не се грижи што мисли јавноста за неа. Односно дека е само задоволна со тоа што го прави, иако некои од нејзините навики не се прифатливи за останатите, како спиење со шминка од пред два-три дена или, пак, мачкање на телото со боја и да не се капе неколку денови по ред итн.
Што мислите, која е вистинската Кеша? Оваа пред вас или, пак, можеби онаа другата за која таа вели дека навистина е таква како од нејзините песни?
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.