Како до визуелно подолги нозе? Има неколку мошне успешни трикови за тоа како вашите нозе да изгледаат секси, потенки и подолги а еве што ве советуваат славните стилисти на оваа тема:
Филип Блоч стилист на Сандра Булок, Хали Бери и Селма Хајек
„ Долгите фустани кои се високо расечени од колкот па до крајот на фустанот од страна се одлични за издолжување не само на нозете туку и на целосната линија на жената. Нозете ќе изгледаат секси па дури ако не се совршени“
Сојон Ен стилист на шоуто „Американски Идол“
„ За кратки нозе препорачувам особено еден интересен трик а тоа се вклопување на боите на хулахопките со боите на чевлите. Односно ако носите црни хулахопки тогаш носете и црни чевли или најдобрата варијанта е хулахопки со иста боја со вашиот тен и исто така и чевли пример „месо-боја“. Одлично визуелно ќе ви ги нагласи односно издолжи нозете. Овој трик успева секогаш“
Кристина Ерлих
„Густи црни хулахопки кои не се провидни ниту најмалку во комбинација со високи потпетиси се клуч за успех и добар изглед. Црните хулахопки ќе ви дадат изглед на совршени нозе“
Рендел Кристенсен стилист на шоуто „Танц со ѕвездите“
„ Ако сте ниски по секоја цена избегнувајте чевли со ременче. Независно дали се високи или ниски во однос на потпетицата, вие никогаш не треба да носите такви чевли, едноставно ќе ви ја скратат ногата дополнително“
Тоа се советите од стилистите, а вие ако знаете некој трик плус, слободно пишете ни!
Повеќе содржини од денеска – ТУКА
Текстот не е лекториран