Прочитано 415 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Време за заработка: „Витни Хјустон оди на аукција“

Иако поминаа само три дена од погребот на Витни Хјустон, нејзинот фустан и накит од култниот филм „Телохранител“ ќе бидат ставени на аукција. Се работи за црниот кадифен фустан и бисерните обетки што ги носи на еден од настапите за време на филмот.
 
На прашање на медиумите дали се работи за профитерство, имајќи предвид дека пејачката почина пред кратко време и дали овие работи треба одат на аукција, аукционерот Дарен Џулиен изјавил: „Аукцијата на овие работи е славење на нејзиниот живот, а не профитирање од смртта. Нејзиниот живот треба да се слави. Овие предмети по нејзината смрт стануваат историја. И треба да се најдат во музеите. Таа живееше живот и имаше кариера како никоја друга ѕвезда“.
 
Контрадикторноста во оваа изјава е јасна. Бидејќи аукцијата ќе почне на 31 март, а ќе трае до први април. Ќе се одвива по пат на наддавање по пат на Интернет, телефон или во аукциската куќа „Џулиенс“ во Беверли Хилс. Секој ќе може да се приклучи кон аукцијата. Почетната цена на фустанот е 1.000 долари, додека на обетките 600 долари. Патем, аукционерот очекува тие да достигнат висока цена, имајќи ја предвид славата на Витни Хјустон. Оттука ги издава и своите намери, односно тој сака само да профитира, а веројатно очекува дека оној што ќе ги купи овие две работи ќе биде доволно доблесен за да ги подари на некој музеј.
 
Каква глупава логика, односно оправдание си нашол, нели?
 
 
 
Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
100%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

МАКЕДОНСКИ ТОП-МОДЕЛ

Фоторепортажа

Видеопотсетник