Прочитано 5254 пати 5 коментари
First category (entire audience)

Нови гардиски униформи на АРМ

Денес во домот на АРМ, на посебна прес конференција беа презентирани новите прототипови на гардистичката униформа на АРМ.
 
Како што беше истакнато целта на проектот е промовирање на нова церемонијална униформа која ќе се користи при промена на државното знаме пред Собранието на РМ, Владата на РМ и резиденцијата на Претседателот на Македонија. 
 
Дополнително беа презентирани и свечената и празничната униформа кои ќе се користат при пречек на странски делегации и одбележување на државните и национални празници на Македонија. 
 
Специфика ќе биде новата инсигнија на гардата, која е предложена врз основа на историски истражувања. Имено инсигнијата ќе биде стилизиран Рис. Историски во Македонија постои сочувана фалера од 5-6 век пред нашата ера која им припаѓала на Линкестидите - древно Македонско племе. (Линкес значи Рис)
 
Тимот предводен од проф. Ношпал, инаку декан на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет, во наредниот период од 15 дена ќе ги стави на увид првите прототипови на јавноста, со цел да се приберат забелешки кои би можеле да се имплементираат во конечните решенија. 
 
Прототоповите можете да ги погледнете на фотографиите.
 
Сите наши најинтересни новости во секое време можете да ги следите на нашата фан-страница на „Фејсбук“!
 
 

Сподели Мислење:

19%
Смешно
6%
Депресивно
6%
Страшно
0%
Интригантно
56%
Брилијантно
13%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Тиква Зелена
18.02.2011 12:09:19
За да не започнам веднаш со критики ќе кажам дека во предлозите има модели „лудило“, нормално во позитивна смисла. Кога ќе ја погледнете втората слика, каде се претставени скоро сите униформи, оние кои се од левата страна на сликата се прекрасни. Според мене најдобра е онаа на цртежот, но особено внимание да му се обрне на шлемот кој би требало да е изработен од метал со висок квалитет на изработка на деталите и удобноста. Оние пак, од десната страна, извинете на изразот, тотално промашување, како и авторот да знаел за ова па и така ги поделил. Значи доколку користиме парчиња од народната носија, тогаш Ве молам не ставајте кравата. Како најлошо решение е онаа бела униформа на куклата со шубарата, лошо, лошо, лошо и најлошо е тоа што мнооооогу потсетува на бугарската гардиска униформа.
Теа
17.12.2010 20:59:14
Нормално, само маани да се наоѓало!
zorb
06.12.2010 09:25:34
Uniformi izgledaat kako da i pravese Turgut Ozal, a be zar nee toa uniforma na makedonska garda, poveke lici na turska uniforma, zosto uste namesto kapa stavete fes i se ke bide vo red, a moze i turban. Licno mene me sram za vakvo nesto!
Bart
05.12.2010 21:49:14
he bolja e od starara sto ja nosea vo tvrdokorni
Stevo Jufka
05.12.2010 18:35:39
Ovaa belava uniforma klasicna bugarska odezda....katastrofa
1 

Наша препорака

МАКЕДОНСКИ ТОП-МОДЕЛ

Фоторепортажа

Видеопотсетник