Прочитано 1202 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Универзална сала ве води во Истанбул - дознајте како

Центарот за организирање приредби „Универзална сала - Скопје“ ве води на осмомартовско патување во Истанбул. Сè што треба да направите е да станете фан на официјалната страница на Универзална сала на „Фејсбук“ и да почнете да се натпреварувате. Кога ќе станете фан, ќе забележите дека под профил-фотографијата на страницата има таб-копче „Мојот идол“. Кликнете на табот и погледнете ги правилата.
 
А потоа, постирајте фотографија од вашиот идол, било да е актер, пејач, политичар, спортист... и собирајте „лајкови“. Оној што ја постирал фотографијата со најмногу „лајкови“ ќе замине на петдневно патување во Истанбул, Турција, во организација на туристичката агенција „Никекс“, која годинава одбележува 20 години од нејзиното постоење.

Секако дека наградениот нема да патува сам. Придружбата е задолжителна. Така, наградениот и неговиот избраник ќе можат да уживаат во сите убавини на единствениот град што се простира на два континента - Европа и Азија. Во наградното патување ќе имате можност за панорамски разглед на азискиот дел на градот- Бејлербеј, каде што е снимена познатата турска хит-серија „Кога лисјата паѓаат“ и неколку локалитети во стариот дел од градот како Римскиот аквадукт, Хиподромот, Сината џамија, Аја Софија и Токапи Палатата. Никако немојте да го пропуштите крстарењето со брод по Босфор. Ве очекуваат и низа изненадувања!

Наградната игра почнува на осми февруари, а ќе трае сè до први март, кога и ќе се прогласи победникот. Една напомена, пред да почнете со играта, прочитајте ги правилата внимателно и подготвени сте да почнете и кликнете на копчето – СТАРТ. Затоа, деца, мајки и татковци, баби и дедовци, „швалери и швалерки“... Сите на „Фејсбук“ и не пропуштајте ја можноста да го изненадите вашиот сакан партнер со осмомартовска прошетка во Истанбул.

Повеќе содржини од денеска – ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Наша препорака

МАКЕДОНСКИ ТОП-МОДЕЛ

Фоторепортажа

Видеопотсетник